Одредени земји се обидуваат да ги искриват резултатите од победата во Втората светска војна, порачаа кинескиот претседател Си Џинпинг и Владимир Путин.
Си Џинпинг е во посета на Москва по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, која Русија ја одбележува денеска како Ден на победата.
Исто така, тие порачаа дека „едностраните принудни мерки, вклучувајќи ги и економските санкции кои го заобиколуваат Советот за безбедност на ОН, ја кршат Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право и ја нарушуваат глобалната безбедност“.
Кина со години е во трговска војна со САД, а двете земји викендов треба да ги одржат почетните преговори за смирување на тензиите. Kanal5
Ова е единаесетта посета на Си на Русија откако ја презеде функцијата во 2013 година. Plusinfo
Кина со години го дели руското мислење дека проширувањето на НАТО ја загрозува безбедноста.
Исто така, тие порачаа дека „едностраните принудни мерки, вклучувајќи ги и економските санкции кои го заобиколуваат Советот за безбедност на ОН, ја кршат Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право и ја нарушуваат глобалната безбедност“. Denesen
Кина сè уште тврди дека ќе го анектира Тајван на сила доколку е потребно, а Кси го гледа решавањето на проблемот како дел од неговото политичко наследство.
Во соопштението се наведува и дека Русија „цврсто ги поддржува мерките на Кина за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет и постигнување национално обединување“. A1on
Иако Кина и Русија немаат официјален воен сојуз, тие имаат интензивна воена соработка.
Според податоците на проектот ChinaPower, само минатата година одржале дури 14 заеднички воени вежби. Denesen
Си изјави дека Русија и Кина ја продлабочиле нивната меѓусебна политичка доверба за време на состанокот во услови на невидени глобални промени, јави кинеската државна агенција Синхуа.
Русија е важен пазар за кинески автомобили и со американските најнови царини, Кина изјави дека сака да работи со Русија за да ги одбрани интересите на двете земји од „унилатерализмот и малтретирањето“. Novamakedonija
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Кина претставува клучен потрошувач на руски природни ресурси како гас и нафта, чија продажба го надополнува воениот буџет на Русија за конфликтот кој започна со Украина пред повеќе од три години, информира ДПА.
Рускиот министер за енергетика Сергеј Зивилјов, говорејќи за плановите на ЕУ да прекине со користење на руски гас до 2027 година, рече дека Москва ќе најде алтернативни купувачи. Biznisvesti
Рускиот претседател Владимир Путин во четврток му се заблагодари на својот кинески колега Кси Џинпинг за приклучувањето кон одбележувањето на 80-годишнината од големата победа над нацистичка Германија и нејзините сојузници во Втората светска војна, додавајќи дека двете земји сега стојат заедно против неонацизмот.
Главниот мотив за заедничката изјава на лидерите на Русија и Кина, која ќе биде усвоена по преговорите, ќе биде спротивставување на обидите за оживување на нацизмот и милитаризмот. Netpress
Одредени земји се обидуваат да ги искриват резултатите од победата во Втората светска војна, порачаа кинескиот претседател Си Џинпинг и Владимир Путин. Kanal5
Заедничката изјава отиде подалеку од претходните, директно обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави.
„САД и нивните сојузници се обидуваат да го прошират НАТО кон азиско-пацифичкиот регион, создаваат затворени сојузи и се обидуваат да ги придобијат земјите во тој регион за нивната ’индо-пацифичка стратегија‘, со што го поткопуваат мирот, стабилноста и просперитетот во регионот“, се наведува во текстот. Denesen
Ова е единаесетта посета на Си на Русија откако ја презеде функцијата во 2013 година.
Тој и Путин вчера разговараа речиси четири часа, нарекувајќи се еден со друг „блиски пријатели“. Kanal5
Русија е важен пазар за кинески автомобили и со американските најнови царини, Кина изјави дека сака да работи со Русија за да ги одбрани интересите на двете земји од „унилатерализмот и малтретирањето“.
Тој термин е фраза што Кина ја користи во однос на нејзините трговски спорови со САД. Novamakedonija
Во услови на тешка геополитичка ситуација и глобална неизвесност, руско-кинеската надворешно-политичка врска е најважниот стабилизирачки фактор на меѓународната сцена – изјави Путин.
Кина е клучен купувач на руски суровини како гас и нафта, чија продажба го полни воениот фонд на Русија за конфликтот што го почна со Украина пред повеќе од три години, пренесе ДПА. Novamakedonija
Рускиот претседател Владимир и кинескиот претседател го потврдија нивното блиско партнерство, кое е присутно во автомобилскиот и енергетскиот сектор, за време на денешниот состанок во Москва, одбележувајќи 80 години од крајот на Втората светска војна.
Во услови на тешка геополитичка ситуација и глобална неизвесност, руско-кинеската надворешно-политичка врска е најважниот стабилизирачки фактор на меѓународната сцена, изјави Путин. Kanal5
Тој и Путин вчера разговараа речиси четири часа, нарекувајќи се еден со друг „блиски пријатели“.
Путин најави и посета на Кина на есен, каде што ќе се одбележи поразот на Јапонија во Втората светска војна. Kanal5
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва, изјави дека е горд на нивниот одличен однос и целокупната соработка.
Претседателот на Србија – Александар Вучиќ изјави дека очекува жестоки реакции од ЕУ во врска со неговото заминување во Москва и додаде дека нема да молчи на тие реакции и дека ако треба цената ќе ја плати лично, а не Србија.
Известителот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас објави на Х дека покренува иницијатива за собирање потписи од други европратеници за петиција со која се повикува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да ја откаже планираната посета на Белград.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди денеска ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додавајќи дека оние кои верувале поинаку сега се одговорни за сопствените заблуди.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска остро ги осуди ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додавајќи дека сите кои верувале во спротивното сега се одговорни за своите заблуди.
Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп разменија честитки преку помошниците по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија во Втората светска војна, соопшти Кремљ.
Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп си честитаа преку помошници по повод 80-годишнината од победата на Советскиот сојуз и сојузниците над нацистичка Германија во Втората светска војна, објави Кремљ во петокот.
Русија и Украина денеска си разменија меѓусебни обвинувања за кршење на тридневниот прекин на огнот, што еднострано беше прогласен од претседателот на Русија, Владимир Путин.
Русија и Украина денеска си разменија меѓусебни обвинувања за кршење на тридневниот прекин на огнот, што еднострано беше прогласен од рускиот претседател Владимир Путин.