Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска предложи намалување на царините за Кина од 145 на 80 проценти.
За прв пат откако американскиот претседател Доналд Трамп ја ескалираше трговската војна со Кина со воведување минимална царина од 145 проценти за повеќето стоки од Кина, Трамп изјави дека би бил спремен да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави Си-Ен-Ен. „Можеби, да, секако, во зависност од тоа што ќе каже Скот“, одговори Трамп на новинар кој го праша дали ќе разговара со Си откако министерот за финансии Скот Бесант и други американски претставници ќе се сретнат со кинеските претставници овој викенд.