Само неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан пристигнаа извештаи за експлозии во градот Сринагар во индискиот дел на Кашмир, објави Би-би-си. Главниот министер на регионот, Омар Абдула, на социјалните мрежи објави дека експлозии се слушнале низ целиот Сринагар.
Индија и Пакистан потврдија дека е договорен прекин на огнот.
Во раните утрински часови во сабота индиската армија соопшти дека успешно уништила неколку вооружени дронови испратени од Пакистан, особено над воена база во Амритсар, Пенџаб.
Експлозии се слушнаа во Шринагар, главен град на делот од Кашмир контролиран од Индија, неколку часа откако Њу Делхи и Исламабад се согласија за прекин на огнот.