Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека ќе нареди укинување на санкциите против Сирија на барање на саудискиот престолонаследник, што е огромен поттик за привремениот сириски претседател Ахмед ал Шара и неговите напори за стабилизирање на земјата разурната од војна. 360stepeni
Трамп рече дека ќе ги укине сите санкции врз Сирија, велејќи дека тие служеле за важна цел, но дека е време Сирија да продолжи напред.
„Ќе наредам укинување на санкциите врз Сирија за да им дадам шанса да успеат“, рече Трамп на инвестициски форум во Ријад. Kajgana