Почина поранешниот претседател на Уругвај, Хосе „Пепе“ Мухика (89), култна фигура поради неговиот скромен начин на живот, откако ја загуби битката со ракот, соопшти владата во Монтевидео. Netpress
Застапник на многу прогресивни мерки за Латинска Америка како што е легализацијата на канабисот, што беше првпат во светот во 2013 година, абортусот и хомосексуалните бракови, Мухика го доби прекарот „најсиромашниот претседател во светот“ давајќи го скоро целиот свој претседателски приход на програмата за социјални станови.
Поранешниот претседател на Уругвај боледувал од рак на хранопроводникот. Faktor