Договор за Саудиска Арабија да купи американско оружје и друга воена опрема во вредност од над 100 милијарди долари се смета дека е меѓу договорите што Трамп треба да ги објави на неговото патување во Саудиска Арабија, јави Би-би-си. Се вели дека дел од пакетот се проектили, ракети, радарски системи и транспортни авиони.
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Саудиска Арабија, од каде што ќе ја започне својата турнеја низ три земји од Заливот.