Песков истакна дека делегацијата предводена од помошникот на Путин, Владимир Медински, ќе продолжи да води преговори со Украина и дека од преговорите во Истанбул, кои се одржаа вчера, немало никакви контакти меѓу лидерите на Русија и САД.
Украинскиот министер за одбрана и шеф на украинската делегација, Рустем Умеров, по вчерашните разговори потврди дека руската и украинската делегација разговарале за можна средба на претседателите на двете земји, Володимир Зеленски и Владимир Путин, како и за договорено прекин на огнот и размена на илјада воени заробеници. Brif
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можеле да се сретнат само доколку делегациите постигнат одредени договори во преговорите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Sitel