Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој денеска говореше на Плоштадот Свети Петар за „маченичката Украина“ и „исчекувањето на преговори за праведен и траен мир“, за првпат во приватна аудиенција го прими нејзиниот претседател Володимир Зеленски, во придружба на сопругата Олена. Vecer
Морав да ги поздравам сите делегации кои присуствуваа на инаугуративната миса, им рече папата дочекувајќи ги, се гледа на видео снимката што ја објави Ватикан.
На крајот на мисата со која беше одбележан почетокот на неговиот понтификат, на која присуствуваа и шефови на држави, вклучувајќи го и Зеленски, Лав XIV јавно ги изговори зборовите дека „Украина конечно чека преговори за праведен и траен мир“. Kanal5
Подготвени сме за дијалог во секој формат со цел опипливи резултати.
Ја цениме поддршката за Украина и јасниот глас во одбрана на праведен и траен мир, напиша Зеленски. Faktor
Украинскиот претседател на социјалните мрежи изрази благодарност на Неговата Светост за аудиенцијата.
За милиони луѓе ширум светот, Понтифот е симбол на надеж за мир. Nezavisen