Младите фудбалски надежи на Португалија и Хрватска до 15 години во неделата одиграа возбудливо финале на меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“ во Чаковец.
Двете селекции претходно ги завршија групите со по седум бодови, а во директното соочување за трофејот, Португалците беа подобри и славеа победа со 3-2. Најголемата ѕвезда на натпреварот, но и на самиот турнир, беше Кристијано Роналдо Жуниор, кој постигна два гола во финалето и на себе го сврте вниманието на целата фудбалска јавност, тоа беа неговите први два гола за една репрезентација на Португалија..