Светската програма за храна на ОН соопшти денеска дека само „неколку пекари“ во Газа повторно почнале да прават и дистрибуираат леб откако Израел дозволил камиони со помош да влезат во Појасот.
Хуманитарна помош се уште не е доставена во Појасот Газа, дури и откако Израел ја укина 11-неделната блокада за испорака на помош до палестинската енклава пред два дена, соопштија денеска ОН.„Досега, ниту една од залихите не поминала низ граничниот премин Керем Шалом“, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дежарик.