Кинескиот производител на автомобили BYD за првпат продал повеќе електрични возила во Европа од Tesla, според извештајот на компанијата за истражување на пазарот JATO Dynamics.Според извештајот, застарената понуда на модели и политичките ставови на извршниот директор Илон Маск ја нарушиле побарувачката за возилата на американскиот производител на електрични возила.BYD, кој исто така произведува и plug-in хибридни возила, регистрирал 7.231 батериско електрично возило (BEV) во Европа во април, додека Tesla регистрирала 7.165 возила, наведува истражувачката компанија, цитирана од Reuters.„Ова е пресвртна точка за европскиот автомобилски пазар, особено ако се земе предвид дека Tesla со години беше водечки производител на BEV возила во Европа, додека BYD официјално започна со работа надвор од Норвешка и Холандија дури на крајот од 2022 година“, изјави Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics.Побарувачката за електрични возила во Европа останува стабилна. 24auto