Во своето воведно обраќање пред академиците, Венс прецизираше дека пристапот на Трамп „не значи дека ги игнорираме заканите, туку значи дека им пристапуваме на дисциплиниран начин, па ако веќе ве испраќаме во војна, тогаш го правиме тоа имајќи предвид многу дефинирани цели“.
Венс рече дека под водство на Трамп ќе има брзи напади како оној во Јемен, во случајот со бунтовничкото движење хути. Novamakedonija
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, им рече на дипломираните студенти на Поморската академија во Анаполис дека претседателот Доналд Трамп работи на тоа да обезбеди американските трупи да интервенираат во странство само ако има јасни цели, наместо да влегуваат, како во минатото, во „недефинирани мисии“ и „конфликти со отворен крај“. Vecer