Потпретседателката на Европската комисија, Тереза Рибера, остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека од 1 јуни ќе воведе 50-процентни царини врз производи од Европската унија.
Потпретседателката на Европската комисија, Тереза Рибера, изјави дека Европската унија нема да попушти на уцените од американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека ќе воведе царини од 50 проценти врз ЕУ почнувајќи од 1 јуни.„Таквата уцена не може да се толерира“, изјави Рибера за новинската агенција Ефе по пристигнувањето на настанот организиран од Европската федерација на PSOE во Брисел по повод нејзината 40-годишнина, кој таа го отвори.