Новиот предлог, кој предвидува ослободување на десет заложници и 70-дневно примирје, Хамас го прими преку посредник.
„Предлогот вклучува ослободување на десет живи израелски заложници што ги држи Хамас во две групи во замена за 70-дневен прекин на огнот и делумно повлекување од Појасот Газа“, изјави изворот за Ројтерс. Opserver
Хамас се согласи со предлогот на американскиот специјален претставник Стив Виткоф за прекин на огнот во Газа, изјавил за Ројтерс палестински функционер близок до групата, отворајќи го патот за можен крај на војната со Израел. Zoom
Ројтерс пишува дека израелските власти сè уште не дале коментар за ова.
На 1 март, потсетува овој медиум, Израел го раскина јануарскиот договор за прекин на огнот со Хамас и ги продолжи силните напади во Газа. Tocka
„Она што го видов од Хамас е разочарувачки и целосно неприфатливо“, изјави Виткоф за новинската страница „Аксиос“, објави „Тајмс оф Израел“.
Виткоф рече дека Израел е подготвен да се согласи на привремен прекин на огнот, што би вклучувало враќање на половина од заложниците, и живи и загинати, што би „довело до суштински преговори за наоѓање пат кон траен прекин на огнот“. Press24
Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ги негираше тврдењата на неименуван функционер на палестинското милитантно движење Хамас дека групата го прифатила неговиот предлог за прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците во Газа. Zoom