Високиот претставник на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека воените акции на Израел во Појасот Газа повеќе не се опфатени со принципот на самоодбрана според меѓународното право.„Зборуваме за протерување кое е многу, многу сомнително“, изјави Турк за австриското радио, осврнувајќи се на ефектот од војната врз цивилното население.„Она што го видовме во последните месеци нема никаква врска со почитувањето на основните принципи на човештвото. Alsat