Северна Кореја ги критикуваше плановите за противракетниот систем „Златна купола“ на американскиот претседател Доналд Трамп, со проценка дека системот би претставувал „многу опасна“ закана што би можела да предизвика „нуклеарна војна“ во вселената, објавија денес севернокорејските медиуми.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја издаде меморандум „за да ја информира меѓународната заедница дека воспоставувањето нов систем за ракетна одбрана од страна на Соединетите Американски Држави (САД) е многу опасен „заканувачки потег“ насочен кон закана по стратешката безбедност на државите со нуклеарно оружје“, соопшти официјалната новинска агенција KCNA. Zoom