1Израел го повика палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати предлогот на САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците или ќе се соочи со „уништување“.Израел се соочува со растечки меѓународен притисок поради војната во Појасот Газа и хуманитарната ситуација на палестинската територија, каде што блокадата што траеше повеќе од два месеци, делумно олесната минатата недела, доведе до сериозен недостиг на храна, лекови и други основни потреби.
Instagram / karolineleavitt Израел го прифати предлогот на САД за привремен прекин на огнот во конфликтот во Газа, соопшти Белата куќа.
Извор близок до деталите изјави за Џерусалем пост дека Хамас се чувствува измамен од страна на американската администрација, верувајќи дека е „изигран“ со предлог кој е пристрасен кон Израел и не гарантира крај на војната.
Висок претставник на Хамас за Би-Би-Си изјавил дека палестинската исламитичка вооружена група ќе го одбие најновиот американски предлог за нов прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците.