Израел продолжува со воените операции во Појасот Газа Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска ѝ нареди на армијата да го продолжи напредувањето во Појасот Газа, без да се обѕира на тековните преговори.
Израел го повика палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати предлогот на САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците или ќе се соочи со „уништување“.Израел се соочува со растечки меѓународен притисок поради војната во Појасот Газа и хуманитарната ситуација на палестинската територија, каде што блокадата што траеше повеќе од два месеци, делумно олесната минатата недела, доведе до сериозен недостиг на храна, лекови и други основни потреби.
Предлогот на специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, подразбира 60-дневно примирје и ослободување на 28 од 58-те заложници што сè уште се држат во Газа, во замена за ослободување на 1.200 Палестинци од израелските затвори и непречен проток на хуманитарна помош до енклавата.