ТРАМП ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦАРИНИТЕ НА ЧЕЛИК НА 50% Први реагираа берзите со пад на индексите Американскиот претседател смета дека зголемените царини „дополнително ќе ја обезбедат челичната индустрија“. фото: Принтскрин Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека ќе ги удвои тарифите за увоз на челик од 25 на 50% од 4 јуни, што предизвика пад на берзанските индекси.
Кинеското Министерство за надворешни работи го обвини Хегсет дека ги игнорира повиците за мир од Индо-пацифичките земји, обвинувајќи го дека ги искористил своите забелешки на безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур за ширење „менталитет од Студената војна“ и зголемување на тензиите во регионот, јавија британските медиуми.
И покрај привременото царинско примирје постигнато претходно овој месец, разликите меѓу Вашингтон и Пекинг остануваат големи, со неодамнешни судири околу високото образование, чиповите за вештачка интелигенција (ВИ) и ретките минерали.