Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е изненаден од острите критики на Илон Маск за големиот закон за даноци и буџет на неговата администрација, познат како „големиот, прекрасен закон“.
Илон Маск ја заостри јавната расправија со Доналд Трамп, нагласувајќи дека американскиот претседател ќе ги изгубел изборите без неговата поддршка.„Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите“, објави Маск на X.„Каква неблагодарност“.Вредноста на акциите на Тесла нагло паднаа на Волстрит, за осум проценти, веднаш по избувнувањето на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск, извршниот директор на компанијата за електрични автомобили.
Доналд Трамп рече дека го замолил „лудиот“ Илон Маск да ја напушти неговата администрација и се заканил дека ќе му ги одземе владините договори на технолошкиот тајкун, бидејќи растечкиот спор околу буџетскиот закон на американскиот претседател предизвика горчливо јавно разделување со неговиот најголем донатор.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали ќе има добри односи со милијардерот Илон Маск во иднина, откако сопственикот на Тесла го критикуваше новиот закон за трошење.