Папата Лав ја повика Русија да преземе чекори за прекин на конфликтот во Украина, во својот прв разговор со претседателот Владимир Путин, соопшти вчера вечер Ватикан.
Папата Лав XIV, за време на телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, ја повика Русија да направи чекор во корист на мирот во Украина, нагласувајќи ја важноста на дијалогот, објави Ватикан.„Папата апелираше до Русија да направи гест што би бил во корист на мирот, нагласувајќи ја важноста на дијалогот за создавање позитивни контакти меѓу страните и барање решение за конфликтот“, се наведува во соопштението.