Глобалната полициска организација Интерпол денес објави дека 20 лица се уапсени во Европа и Северна и Јужна Америка, по прекугранична операција во 12 земји насочена кон материјал за сексуална злоупотреба на деца.Операцијата, предводена од шпанската полиција, започна кон крајот на минатата година откако полицајците идентификуваа групи за пораки каде што криминалците споделуваа фотографии од сексуална експлоатација на деца, објави АП.„Шпанските власти уапсија седум осомничени, вклучувајќи здравствен работник и наставник“, соопшти Интерпол.