Инаугуративната посета на германскиот канцелар Фридрих Мерц на САД на 5 јуни 2025 година означи значаен момент во трансатлантските односи, објави Ројтерс.
За време на првата официјална средба во Белата куќа денес, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подари на американскиот претседател Доналд Трамп врамена копија од изводот од матичната книга на родените на неговиот дедо, Фридрих Трамп, кој е роден во Германија.Подарокот, сместен во златна рамка, беше симболичен вовед во разговорите за клучни теми како што се одбранбената соработка, трговските односи и поддршката за Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил поканата да ја посети Германија, потврди германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесе агенцијата ДПА.