Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека на Украина ѝ е потребен прекин на огнот, преговори и мир, како и дека „дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите“.На состанокот на парламентарната група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, во францускиот град Морманс-сур-Вернисон, Орбан рече дека политичарите кои се залагаат за војна сакаат да веруваат дека војната мора да продолжи, објави унгарската агенција МТИ.„Ве уверувам дека оваа војна не може да се добие, нема решение на бојното поле, само мртви, страдање и уништување“, истакна тој. Vecer