Иран не сака нуклеарна бомба и не сака да ги нападне САД, вели познатиот економист и политички аналитичар Џефри Сакс во интервјуто со Такер Карлсон.
Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.
Иран соопшти дека егзекутирал девет членови на џихадистичката група „Исламска држава“ (ИД), осудени за планирање напади во земјата во 2018 година.
Ирански функционер изјави дека „пријателска земја“ го предупредила Техеран за можен израелски напад врз неговите нуклеарни постројки, а иранските државни медиуми објавија дека иранската војска започнала вежби порано од планираното за да се фокусира на „непријателските движења“, објави Ројтерс.