ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК Заглавени патници на повеќе аеродроми поради нападот на Израел врз Иран Затворен е и воздушниот простор над Иран, Ирак и над Сирија.
Од МИА Објавено 13/06/2025 10:48:23 фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK Летовите низ Блискиот Исток се откажани или одложени.
Авиокомпаниите денеска ги откажуваат и летовите до и од Израел поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по нападите на Израел врз Иран.
Израелската авиокомпанија „Ел Ал“ ги откажа сите свои закажани летови до и од Израел за денес и утре поради безбедносни проблеми и можни ирански контранапади, објави ДПА. Vecer
Летовите што веќе се насочени кон Израел беа пренасочени кон алтернативни аеродроми и сите закажани заминувања беа откажани до понатамошно известување.
Аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, исто така, на својата веб-страница соопшти дека ги суспендирал сите дојдовни и појдовни летови до понатамошно известување. Skopjeinfo
Авиокомпаниите денеска ги откажуваат и летовите до и од Израел поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по нападите на Израел врз Иран. Vecer
„Ел Ал“ соопшти дека ќе им дозволи на патниците со билети за заминувања до 28 јуни да ги откажат и да ги конвертираат во ваучери за патување.
Новите резервации за летови закажани до 22 јуни се суспендирани додека не се разјасни ситуацијата. Vecer
Аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, исто така, на својата веб-страница соопшти дека ги суспендирал сите дојдовни и појдовни летови до понатамошно известување.
Аеродромот Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати предупреди на можни прекини, повикувајќи ги патниците да ги контактираат своите авиокомпании. Vecer
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.