Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА. Vecer
Порано во текот на денот, илјадници луѓе маршираа во Вашингтон и други градови во знак на протест против политиките на Трамп.
Демонстрациите беа претежно мирни и претставуваа најголем бран на противење на неговото претседателствување откако се врати на власт во јануари. A1on
Одбележувањето на 250-годишнината од Армијата на САД, со долгоочекуваната воена парада на претседателот Доналд Трамп, која се совпадна со 79-тиот роденден на претседателот, вчера се одржа низ улиците на центарот на Вашингтон, додека истовремено во многу делови од државата се случуваа протести и насилство.
Стотици илјади Американци маршираа и се собраа на улиците во градовите од Њујорк до Чикаго и Лос Анџелес, протестирајќи против постапките на Трамп откако се врати на власт во јануари. Meta