Фото: Facebook/Recep Tayyip Erdoğan Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е „најголемата закана“ за регионот на Блискиот Исток, во телефонски разговор со емирот на Катар, соопшти неговиот кабинет.
РЕГИОНОТ НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ УШТЕ ЕДНА ВОЈНА Ердоган му се јави на Путин Како што соопшти Кремљ, двајцата лидери во денешниот телефонски разговор повикале на итен прекин на непријателствата помеѓу Иран и Израел и решавање на спорените прашања, вклучително и оние поврзани со иранската нуклеарна програма, исклучиво преку политички и дипломатски средства.
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор го осудија актот на сила на Израел против Иран и повикаа на итен прекин на непријателствата, објави Кремљ.