Дилемата дали САД треба да му се придружат на Израел во нападот на Иран или да останат целосно на маргините ги разоткри поделбите меѓу поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува денеска Би-Би-Си. Републиканскиот претседател размислува дали да му помогне на Израел да ги нападне иранските нуклеарни постројки по вчерашната средба со неговите советници за национална безбедност во Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која побара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!“. Во претходните најави, Трамп изјави дека САД сега имаат „целосна контрола врз небото над Иран“ и тврдеше дека знае каде се наоѓа врховниот лидер Али Хамнеи.
Фото: Принтскрин Претседателот на САД, Доналд Трамп објави повеќе пораки на социјалните мрежи за Иран, а во една бара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ“.
Фото: Принтскрин Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот.