Бразилскиот тим ги постигна двата гола во второто полувреме, односно Абу Али си постигна автогол во 49. минута, а набрзо погоди Флако Лопез за триумф од 2-0. Палмеирас по две одиграни кола се наоѓа на првата позиција со четири бодови, додека Ал Ахли има еден поен, а Порто и Интер Мајами го играат својот меч во овие моменти (21.00 часот).