Во соопштението на владата на таа западноафриканска земја се наведуваат голем број причини за таквата одлука, вклучувајќи го и истекот на последниот договор за рударство со таа компанија, од декември 2023 година, пренесува Ројтерс.„Соочена со ова неодговорно, незаконско и неправедно однесување на Орано, компанија во сопственост на француската држава - држава која отворено е непријателски настроена кон Нигер од 26 јули 2023 година... владата на Нигер одлучи, со целосен суверенитет, да го национализира Сомаир“, се вели во соопштението.