СИТЕ РАКЕТИ СЕ ПРЕСРЕТНАТИ, ТРАМП ГО ПОФАЛИ ИРАН Време е за мир, благодарам што не загина никој, рече претседателот на САД Во врска со денешниот напад врз американската база во Катар, со задоволство можам да известам дека, покрај тоа што нема убиени или ранети Американци, што е многу важно, нема убиени или ранети жители на Катар, наведе Трамп. фото: Принтскрин Американскиот претседател Доналд Трамп со објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ го коментираше ракетниот напад на Иран врз американската база во Катар, посочувајќи дека сите 14 ракети биле успешно пресретнати или пренасочени, без жртви меѓу американските или катарските граѓани.