Еден ден по нападот на САД врз три нуклеарни посторојки во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл рече дека нанесената штета е монументална.„Како што покажуваат сателитските снимки, монументална штета е нанесена на сите нуклеарни постројки во Иран.
Неколку членови на американскиот Конгрес од двете партии ја доведоа во прашање законитоста на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за започнување воени напади врз Иран.
Американската војска нападна утрово три цели во Иран – Натанз, Исфахан и Фордо, клучни локации на иранската нуклеарна програма, за која Техеран тврди дека е исклучиво за цивилни цели.
Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.Во март, таа пред сенатскиот комитет изјави дека Иран не развива нуклеарно оружје.