„Во саботата, турист кој сакал да позира со портрет на фирентински принц од семејството Медичи, се поместил наназад и ја удрил сликата, оштетувајќи ја. Овој проблем со туристите кои сакаат да фотографираат со уметнички дела достигна огромни размери и ќе мора да воведеме многу прецизни ограничувања за да спречиме слични однесувања кои се некомпатибилни со целта на нашите институции и почитувањето на културното наследство“, изјави директорот на Уфици, Симоне Верде, за италијанските медиуми. Kanal5