На јунскиот Самит на ЕУ се фокусиравме на тоа како да обезбедиме посилна позиција за Европската Унија на глобалната сцена преку зајакнување на европската одбрана, зацврстување на партнерствата и зајакнување на конкурентноста на Европа, порача претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на прес-конференцијата одржана денеска нешто по полноќ, по завршувањето на средбата на шефовите на држави или влади за членките на ЕУ. – Во НАТО, 23 земји членки на Европската Унија одлучија да трошат повеќе, а ние работевме на тоа како да трошиме подобро инвестирајќи заедно, порационално и поефикасно како тим, преку поврзување на побарувачката, заедничките набавки, стандардизацијата, поедноставувањето и зголемувањето на европското истражување, европската индустрија и европските работни места, со цел овозможување на европската безбедност и просперитет, рече Кошта на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и полскиот премиер Доналд Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Кошта нагласи дека на ЕУ и е потребно зголемување на инвестициите во одбраната, ефикасност и фер распределба на товарот, за да изгради заеднички европски одбранбен систем што ќе ја одвраќа секоја агресија.