Се распламтува политичкиот конфликт во врвот на американската моќ – поранешниот сојузник и донатор на Доналд Трамп, милијардерот Илон Маск му објави отворена војна на американскиот претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на Tesla, SpaceX и X „ќе мора да затвори сè и да се врати во Јужна Африка“.
Технолошкиот милијардер Илон Маск вчера објави серија објави на социјалните мрежи во кои го напаѓа законот за даноци и трошоци на американскиот претседател Доналд Трамп и им се заканува на политичарите кои гласаат за него со предизвик на прелиминарни избори финансиран од најбогатиот човек во светот.
Од: А1он Републиканците во Сенатот гласаа „за“ за клучен процедурален чекор на напната седница во саботата навечер, во обид брзо да го „протуркаат“ непопуларниот пакет даночни олеснувања, намалување на трошоците и зголемување на владините средства за депортација на мигранти што ги спроведува претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.