На Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севиља, Макрон истакна дека светската трговија треба да се врати на основните принципи на слобода и еднаквост, а не да се води преку „трговски војни“ и еднострани мерки. Vecer
„Мораме да ја вратиме слободата и еднаквоста во меѓународната трговија, многу повеќе од бариерите и царините, кои се дизајнирани од најсилните и кои често се користат како инструменти за уцена, а никогаш како инструменти за ребалансирање“, рече Макрон на Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севиља, пренесува Ројтерс.
Тој повика на поддршка и преиспитување на Светската трговска организација, за да се усогласи со целите за борба против нееднаквоста и климатските промени. Mk