Џулијан Мекмахон, австралискиот актер кој глумеше во серијата Nip/Tuck (Сечи докторе), почина на 56-годишна возраст по борба со ракот.
Актерот, роден на 27 јули 1968 година, почина во среда, 2 јули, во Клирвотер, Флорида, по долга борба со ракот, потврди неговата сопруга „Со отворено срце сакам да споделам со светот дека мојот сакан сопруг, Џулијан Мекмахон , почина мирно оваа недела по храбра борба со ракот.“, соопшти Кели.