Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе.
Хамас е задоволен од уверувањата, вклучени во новиот предлог за примирје кој има за цел да стави крај на осуммесечната војна во Газа, јавува саудискиот медиум Ашарк, повикувајќи се на висок извор, објави Тајмс оф Израел.
Напорите за постигнување привремен прекин на огнот во војната во Газа се чини дека напредуваа во четврток, по извештаите дека терористичката група Хамас би можела да го поддржи предлогот, кој вклучува ослободување на 28 заложници и преговори за прекин на војната што трае од октомври 2023 година.
Во синоќешните воздушни напади на Израел врз Појасот Газа, загинале 94 Палестинци, од кои 45 лица биле убиени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош, објави денес Министерството за здравство во Газа.