Фото: ЕПА Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир – изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.
На Самитот ќе се разговара за: поефикасен систем на плаќање на БРИКС за зголемување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко управување со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање на политиката на финансирање на климата; поголема соработка во јавното здравство; глобална реформа на мултилатералниот мировен систем и за активностите за подобрување на институционалната структура и кохезија.
Светот доживува радикални промени, либералниот модел на глобализација е застарен, а униполарниот систем на меѓународни односи е минато, оцени рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето преку видеоконференциска врска на самитот на БРИКС што започна денеска во Рио де Жанеиро.