Министерот за финансии, Скот Бесент, изјави дека САД досега собрале околу 100 милијарди долари приходи од царини оваа година, а таа сума би можела да се зголеми на 300 милијарди долари до крајот на 2025 година, како што се забрзуваат наплатите поради трговската кампања на претседателот Доналд Трамп.
Бесент, зборувајќи на состанок на кабинетот во Белата куќа, рече дека најголемиот дел од наплатата од новите царини на Трамп започнала дури во вториот квартал, кога Трамп воведе речиси универзална царина од 10% за американски увоз и ги зголеми царините за челик, алуминиум и автомобили. Opserver