Сподели со своите пријателиШест члена на екипажот се спасени од товарен брод под либериско знаме во Црвеното Море, според поморските сили на Европската Унија, по нападот за кој одговорност ја презедоа јеменските бунтовници Хути.
Во нападот, во кој во средата потона брод во грчка сопственост, загинаа најмалку четири морнари, а 15 други се водат како исчезнати, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на поморски службеници.