Унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ порача на претседателката на Европската комисија дека е време да си замине.
Европскиот парламент вечерва во Стразбур ќе дискутира за гласањето недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, според програмата на претстојната сесија на европратениците.
Пред една година, во моите политички насоки, зборував за потребата Европа да изгради вистинска надворешна економска политика, но сеизмичкиот и револуционерен пресврт во глобалните економски односи во последната година ја направи таа потреба уште поакутна, истакна денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европарламентот посветена на резултатите од јунскиот Самит на ЕУ. – Но, секоја надворешна економска политика мора да започне дома, бидејќи прво треба да ја направиме нашата сопствена економска и индустриска база посилна и поотпорна на шокови, истакна Фон дер Лајен.