Ѓокереш јавно кажа дека сака да потпише за „топчиите“, меѓутоа претседателот на Спортинг не сакаше да го продаде за помалку од 100 милиони евра, но новинарот Фабрицио Романо открива нови детали.
Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш не се појави на почетокот на подготовките на португалскиот клуб, неговиот став е дека веќе нема ниту да тренира, ниту да игра за зелено-белите.