Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди морскиот дел, југозападно од регионот Југоисточен Малуку во Индонезија, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG). Потресот е регистриран во 12:49 часот по локално време, со епицентар на околу 170 километри југозападно од островот Танимбар, на длабочина од 108 километри, се наведува на официјалната веб-страница на BMKG и во објавата на агенцијата на социјалните мрежи. Nezavisen