Американскиот претседател Доналд Трамп бил на медицински преглед поради отекување на нозете и модринки на рацете, изјави во четвртокот портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит.
Цитирајќи го писмото од лекарот на Трамп, Ливит им кажа на новинарите дека Трамп бил подложен на тестови и ултразвук на нозете кои покажале „хронична венска инсуфициенција… вообиачена болест, особено кај оние над 70 години“. Netpress