Белгија ќе испрати речиси 200 воени лица во Литванија по должината на границата со Русија, како дел од активностите на НАТО за заштита на источниот дел од земјата, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјава на белгискиот министер за одбрана Тео Франкен Мисијата е дел од пошироката стратегија на Алијансата за одвраќање од потенцијални закани од Русија, при што се воспоставени мултинационални борбени групи во осум земји од источна Европа.