Западните елити се стремат да добијат однапред обезбеден пристап до ретки земни метали во земјите од глобалното мнозинство преку водење неоколонијална политика што се граничи со грабеж, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во колумна за весникот „Росијскаја газета“ под наслов „Неоколонијализам“, објави ТАСС.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, синоќа изјави дека Москва има право да ги напаѓа воените објекти на земјите што ја снабдуваат Украина за удари длабоко во Русија.