Самитот, кој е од стратешка важност, се смета за клучна можност за рекалибрирање на односите меѓу Кина и ЕУ, кои во изминатите неколку години се затегнаа поради низа прашања, особено во меѓусебната трговија, кои се очекува да бидат главна тема на меѓусебните средби на највисоките делегации од Кина и од европскиот блок во Пекинг Справувањето со трговските несогласувања во услови на глобална неизвесност и зголемени геополитички тензии ќе биде во фокусот на самитот на високо ниво меѓу Кина и Европската Унија, кој ќе се одржи утре во Пекинг по повод 50 години од меѓусебните дипломатски врски.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе ја посетат Кина в четврток.