Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел го добил одговорот на Хамас на неговиот предлог за прекин на огнот во Газа, прецизирајќи дека тој се разгледува. Netpress
„Страдањето на цивилите во Газа достигна нови длабочини.
Моделот на испорака на помош на израелската влада е опасен, поттикнува нестабилност и ги лишува жителите на Газа од човечко достоинство. 360stepeni
Во Газа „општата стапка на акутна неухранетост надминува десет проценти, а повеќе од 20 проценти од прегледаните бремени жени и доилки страдаат од неухранетост, често тешка“, наведе шефот на СЗО.
Повикуваме на целосен пристап на хуманитарна помош и прекин на огнот, повикуваме на политичко, трајно решение (на војната во Газа), а бараме и ослободување на заложниците (на Хамас) што секогаш сме го велеле, рече Гебрејесус. Libertas
ОН во вторник соопштија дека израелските сили убиле повеќе од 1.000 Палестинци кои се обидувале да добијат помош во храна откако Хуманитарната фондација за Газа, поддржана од САД и Израел, започна со работа кон крајот на мај – со што всушност го маргинализираше постојниот систем предводен од ОН. Во соопштението со 111 потписници, вклучувајќи ги Лекари без граници (MSF), Спасете ги децата и Оксфам, се предупредува дека „нашите колеги и оние на кои им служиме се исцрпуваат“, пишува Гардијан.
Групите повикаа на итно договорено прекин на огнот, отворање на сите копнени премини и слободен проток на помош преку механизмите предводени од ОН. Израел вели дека хуманитарната помош е дозволена во Газа и го обвинува Хамас за експлоатација на страдањето на цивилите, вклучително и со крадење на храна за продажба по надуени цени или пукање во оние што чекаат помош. Civilmedia